ФОТО: „Шарената револуција“ протестира за правда и решавање на кризата
„Шарената револуција“ попладнево повторно протестира за правда и решавање на кризата.
На протестот се присутни голем број граѓани, а меѓу нив е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Бараме граѓаните да бидат дел од решението на кризата и доаѓаме за да го осигураме нашето учество! Бараме криминалците да одговараат и ќе ги притиснеме институциите да покажат дека крадењето и угнетувањето не смее да бидат исплатливи дејности! Бараме преодна влада и не отстапуваме додека не се осигураме дека таа влада ќе обезбеди слободни избори и слободно гласање!“ - велат од „Шарена револуција“.
Од „„Шарена револуција“ повикаа граѓаните да не носат деца и миленици на протестот вечерва, и да не се подлегнува на евентуални провокации.
Ултиматумот кој „Шарената револуција“ го даде на властите заврши во саботата.
Бараат да запре прогонот на демонстрантите и да се произнесе Уставен суд за уставноста на СЈО.
Повеќе политички партии повикаа да се излезе масовно на протест.


