ФОТО:„Шарената револуција“ е за мир и против тиранија
Демонстрантите на „Протестирам“ се упатија во паркот „Жена-борец“, каде положија цвеќе за жртвите на фашизмот.
Тие порачаа дека нема да дозволат „режимот да нѐ надвладеe”. Велат „Шарената револуција“ е за мир и против тиранијата.
„Она што денеска го прават ние не ги научивме, да тепаат, да прислушкуваат, да крадат. Ние не ги научувме на ова. Во моментов, наша задача како учители е да му кажеме збогум на овој режим и да ги научиме нашите ученици на една поубава Македонија. Нема да им дозволиме повеќе да не тепаат. Мора да ја донесеме слободата во Македонија“- кажа професорот Владо Димовски.
Протестот вечерва е во знакот на фашизмот, затоа што се одбележува Денот на победата над фашизмот. Демонстрантите се разотидоа, протестот заврши мирно.


