Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Седми ден граѓаните се собираат пред СЈО на протест

ФОТО:Седми ден граѓаните се собираат пред СЈО на протест

Пред просториите на Специјалното јавно обвинителство  започна собирањето на демонстрантите за нов протест, седми по ред.

2222

Од „Протестирам“ бараат  итно повлекување на одлуката за аболиција на Иванов, на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство. Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

33333

„Најпосле, гласно и недвосмислено порачуваме дека за иднината на оваа држава, за нашата иднина, мора да се одлучува овде, во Македонија!До исполнување на барањата, нашата политичка борба останува на улиците. Нема правда, нема мир!“ - велат организаторите.

Протести ќе има во повеќе градови во внатрешноста на Македонија.

Слично

Поврзани вести