(ФОТО) Се сруши МИГ на Хрватската војска
Авион на хрватската армија денеска се срушил над подрачјето на Велика Горица. Пилотот успеал да излезе од леталот. Според наводите на хрватските медиуми причината на оваа авионска несреќа не е позната.
Пожарникари потврдиле дека добиле повик дека кај Ломнице се срушил воен авион. Веднаш е испратена екипа на терен. Иако повеќе детали не се познати, се знае дека пилотот на МИГ преживеал.
Наводно, авионот пред падот, летал многу ниско над Велика Горица која ја прелетал повеќе пати а летал од Задар кон Загреб.
Станува збор за авион со ознака 121 кој пред 12 години бил на ремонт во Романија.
Наскоро повеќе информации.
Слично



