(ФОТО) Се спремаат шаторите за пред Влада
Опозицијата најави дека ќе остане пред Влада се додека премиерот не си замине давајќи си оставка.
После завршувањето на митингот почнаа подготовките за поставување на камп шатори во кои планираат да останат оваа вечер сигурно, а понатаму зависи од одвивањето на состојбата пред Влада.
Лидерот на оваа партија на почетокот на митингот упати порака до премиерот Груевски да не одолговлекува,и да си оди.
„Испраќам конкретна и јасна порака, во име на сите нас овде: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, присутни од сите етнички заедници во Македонија, од различни страни на Македонија, од различни граѓански здруженија, организации, сојузи, од различни политички партии и со различни политички определби: Груевски, не одолговлекувај! И самиот гледаш, заврши твоето!“
На собирот на СДСМ голем број на граѓани излегоа пред Влада.

Слично