(ФОТО) Се спрема војна: Израел повика 40.000 резервисти, во Тел Авив се јавија сирени за воздушен напад!
Израелската војска повика 40.000 резервисти за случај да одлучи да покрене копнена офанзива во Појасот Газа.
Одлуката ја донела израелската влада после утринската воздушна офанзива која ја покрена против палестинскиот радикален покрет Хамас, пренесуваат израелски медиуми.
Неименуван претставник од војската за „Франс прес“ изјавил дека војската разгледува опција за копнена офанзива.
Војската наведува дека од воздух и од море нападнала 50 места во Газа и дека подготвува копнена инвазија, за да би ги спречила засекогаш ракетните напади на Палестинците над Израел.
Имаше повеќе ракетни напади во последните неколку надели поради напнатоста после убиството на тројцата млади Еврејци, за што е обвинет Хамас, и убиство за освета на еден палестинец кое го признале еврејските екстремисти.


