Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) СЕ ПРОДАВА МЕРЦЕДЕСОТ НА ТИТО: Од почетната цена ќе ви се заврти во глава!

(ФОТО) СЕ ПРОДАВА МЕРЦЕДЕСОТ НА ТИТО: Од почетната цена ќе ви се заврти во глава!

Јосип Броз Тито сакал автомобил и во својот возен парк имал бројни ексклузивни примероци на разни брендови. Еден од нив, „мерцедес-бенц пулман 600 ландаулет“ се продава со посредство на аукциската куќа Том Хартли ЈНР.

Можеби токму највпечатливите мерцедеси 600, од кои најатрактивни биле кабриолетите, односно ландаулети, што е назив за модели кои само делумно се покриени со платнен кров.

Како што се наведува од 59 такви примероци два биле во сопственост на СФРЈ. Куриозитет е што спаѓаат во многу ретка група од само девет некогаш направени ладаулети со шест врати. Примерокот кој е предмет на аукција е продаден уште во 1989 година.

Произведен е во 1971 година, а во период после смртта на Тито до моментот на продажба користен е за потреба на превоз на многу важни претставници од пулскиот аеродорм до резиденцијата. 

Примерокот на мерцедес 600, со сериски број 001854, е продаден на странски купувач и оттогаш променил неколку сопственици односно колекционери.

Според неофицијалните информации почетната цена на аукцијата ќе биде нешто помалку од три милиони евра. Ќе го напојува бензински мотор со 6332 кубика , а досега поминал вкупно 27.378 километри. Детали за аукцијата може да погледнете на интернет страницата на аукциската куќа Tom Hartley JNR.

Слично

Поврзани вести