ФОТО: СДСМ маршираше низ Штип
Во рамки на проектот „Вистината за Макеоднија“ 22-та по ред опозициска „бомба“ вчера СДСМ ја објави од градот под исарот Штип.
На прес конференцијата збор имаше Претседателoт на ОО СДСМ Штип Владимир Милошев.
Тој објави нови докази со кои тврди упад во автономијата на Универзитетот Гоце Делчев и негова злоупотреба за партиските и личните интереси на поединци во ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите и бизнисмените кои не сакаат да одработуваат за власта се уценувани и ставени под силен притисок, објави снимки со кои тврди дека се покажува какво е мислењето за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и какви се всушност дносите помеѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Како по претходните сценарија оваа политичка партија заедно со граѓаните на Штип маршираше од Градскиот до плоштадот Слобода.
Пред насобраните граѓани говореа Ален Георгиев, Благој Бочварски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

