Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ГРЦИЈА: Повеќе од 60 загинати во страшни маки

(ФОТО) РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ГРЦИЈА: Повеќе од 60 загинати во страшни маки

Властите во Грција потврдиле дека бројот на загинати во пожарите пораснал на 60 и стравувата дека тука нема да биде крајот.

Како што пренесуваат грчките медиуми, уште 10 лица настрадале во пожарите кои од понеделникот не се смируваат во подрачјето на Атика близу Атина.

-Четири лица се пронајдени во коли, четири во куќа додека две лица настрадале на брдото - рекол градоначалникот Евангелос Борнос.


Претходно денес властите соопштија дека најмалку 50 луѓе загинале во пожарите.

Грцчи медиуми пренесоа дека не се гледа крајот на трагедијата која го зафати овој дел од Грција.

Според неофицијални информации, во куќата се најдени телата на баба, мајка и две девојчиња, кои наводно се стари пет и шест години. 


Во истото место, во автомобил кој е целосно уништен во оган, најдени се телата на родители и нивните две деца.

По наредба на претседателот на грчкиот парламент Никос Воутис, знамињата се спуштени на половина копје а Грција прогласи тридневна жалост.


Фото: АП

Слично

Поврзани вести