Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Расте бројот на повредени во Бодрум, во паника скокале од згради

(ФОТО) Расте бројот на повредени во Бодрум, во паника скокале од згради

Над 350 луѓе се хоспитализирани во Бодрум во Турција по земјотресот што се случи синоќа во Егејското море во близина на грчкиот остров Кос, соопшти турскиот министер за здравство, Ахмет Демирчан. 

Луѓето скокале од зградите кога се случил земјотресот. 

„Некои од нив имаат фрактури, но никој не е во сериозна состојба“- вели министерот.

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала се случи во 1.31 часот. Епицентарот беше на 10 километри југоисточно од Бодрум, односно на 16,2 километри источно од Кос. Според турските медиуми, земјотресот предизвикал мало цунами што го преплавило одморалиштето Губет на турскиот брег во близина на Бодрум оштетувајќи неколку автомобили.


Слично

Поврзани вести