(ФОТО) Расмусен му пиша на Ахмети
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен му напиша писмо на лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да му се заблагодари за средбата што ја имаа двајцата за време на посетата на Расмусен во Скопје, информираат од ДУИ.
„Ги поздравувам вашите силни и постојани ставови за процесот на ЕвроАтлантска интеграција и ја споделувам со вас надежта дека напредокот ќе се постигне набргу. Истотака бев заинтересиран да слушнам од вас околу вашите ставови за внатрешните збиднувања во вашата земја“, пишува во писмото од Расмусен до Ахмети.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса истакнува дека „одлучно ги поддржува сите напори за да се охрабри разбирањето помеѓу различните заедници како и за промоција на зачленувањето на земјата во НАТО Европската Унија“.
Слично
