(ФОТО) ПУТИН ТРГНА ВО НАПЛАТА: Русија ќе ја тужи Украина поради неплатен долг
Рускиот претседател Владимир Путин му наложил на министерот за финансии Антон Силуанов, да поднесе тужба против Украина бидејќи не го подмириле долгот од три милијарди долари.
„Постоеше предлог во текот на четири години некако да се учествува во тоа, да се поделат овие ризици. Не ми е јасно, но добро, тужете ги“, рекол Путин на состанокот со членовите на владата после извештајот на шефот на Министерството за финансии Антон С. за состојбата со украинскиот долг.
Нешто порано, рускиот премиер Дмитриј Медведев изјавил дека Украина нема да го плати долгот бидејќи тие „се преваранти“. Тој рекол дека е изненаден од ставот на ММФ за украинскиот долг кон Украина.
Русија ги молеше САД, Европа и меѓународните банки да ги поделат ризиците кои се однесуваат на рускиот долг и била спремна да и помогне на Украина, рекол Путин.
„Ако тие се веќе сигурни дека платежната способност на Украина ќе биде таква дека следната година таа ќе може да ги плати сите три милијарди долари, во ред. Меѓутоа, поверојатно е развлекувањето на оваа исплата на четири години било подобар предлог. Како што се сеќавате, баравме од САД, Европа и некоја првокласна банка да ги подели со нас тие ризици. Бевме спремни да ја поддржиме Украина во оваа состојба“, рекол Путин.
ММФ се согласи да ја промени политиката на давање позајмици на земјите кои имаат заостанат долг кон другите држави. Таквиот потег ја налути Москва, со оглед на тоа дека Украина е една од земјите кои бараат финансиска помош од оваа институција, додека во исто време и должат на Русија.
Украинскиот долг спрема Русија датира уште од времето на спогодбата на Путин и Јанукович од 2013 година, кој предвидува Москва да откупи акции вредни 15 милијарди долари.
Русија на 20 декмври 2013 купи акции во вредност од три милијарди долари, и тој долг треба да биде вратен до 20 декември 2015 година. Во ноември, Путин му понуди на Киев долгот да го враќа во рати на три години, но не добил никаков официјален одговор на оваа понуда.
