(ФОТО) ПЦЕР бара оставка од Груевски, „Бомба 13“ се пушта пред Влада!
Протестот на коалициониот партнер на опозицијата ПЦЕР (Партијата за целосна еманципација на Ромите) кој го најавија вчера е во тек.
Маршот почна од паркиралиштето кај спортската сала „Кале“ и продолжи се до Влада каде пред присутните се пуштаат аудио разговори кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари меѓу кои и онаа на која можеше да се слушне како „циганите биле влечени за уши да гласаат“.
„Ние имаме образ, вие немате бел образ, вие сте од Белизе и лажете дека ќе ја зголемите социјалната помош“, порача Самка Ибраимовски претседателот на ПЦЕР.
„Ние сме сиромашна партија, ние не сме ВМРО затоа немаме стриминг, изјавил Самка .
Исто така протестантите велат дека им биле правени притсоци да не доаѓаат на протести.
Тие побараа оставка од Груевски.
