Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Протестот „Македонија е Грчка“ низ фотографии

(ФОТО) Протестот „Македонија е Грчка“ низ фотографии

„Македонија значи Грција“- со овој постер беа пречекани демонстрантите на плоштадот Синтагма во Атина денес. Според полицијата, нивниот број изнесувал 140 илјади, а според организаторите имало 1 милион луѓе.


Денес, Грците повторно се собраа за да го изразат своето незадоволство од употребата на името „Македонија“ во секој од предлозите за кои владата на Ципрас разговара со Македонија за ставање крај на деценираниот спор за името.


Грција се спротивставува на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), користејќи го името Македонија затоа што има своја територија наречена Македонија и тврди дека нејзината употреба во името на соседот, заедно со контроверзните моменти во нејзиниот устав, имплицира територијални претензии на грчката земја, пишуваат медиумите од регионот.


Поради приговорите на Грција, Македонија беше прифатена во Обединетите нации со привременото име "Поранешна Југословенска Република Македонија" во 1993 година, што останува нејзиното официјално име во меѓународните организации....

Меѓу главните говорници на денешниот протест беше и светски познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, чиј дом беше нападнат од грчки анархисти денес.

Пред две недели, околу 300.000 луѓе учествуваа на демонстрациите на 21-ви јануари во Солун.


Студијата објавена во весникот Катимерини покажува дека околу 70 отсто од Грците се спротивставуваат на употребата на Македонија во секоја одлука.


Се верува дека денешниот митинг може да игра клучна улога во обидите на двете земји да се разберат и Грците да го променат својот пристап.

Слично

Поврзани вести