(ФОТО) ПРОТЕСТИ ВО ПРИШТИНА: Тешко поврдени полицајци и уапсени демонстранти
Во немирите во Приштина се тешко повредени двајца полицајци, а уапсени се над 95 демонстранти околу седиштето на движењето Самоопределување, изјави портпаролот на полицијата.
Тој додаде дека демонстрантите фрлале петарди и други пиротехнички средства на полицијата.
Косовската полиција претходно го уапси и Албин Курти, основачот на движењето Самоопределување, кој веднаш по говорот на протесниот собир во центарот на Приштина, се затвори во седиштето на неговата партија.

Тој изјави дека се повредени четири демонстранти и двајца полицајци. Според неговото тврдење поединци се противеле на апсењата на полицијата и ја нападнале кога насилно влегла во просториите на движењето.
Слично

