(ФОТО) ПРОТЕСТ ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Се бара ослободување на Бошковски!
„Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, веднаш“ е мотото со кое приврзаниците и следачи на лидерот на партијата Обединети за Македонија денеска напладне пред Министерството за правда побараа одлободување за Љубе Бошкоски.
Од партијата на социјалната мрежа Фејсбук ги повикаа граѓаните да се придржат на протестот.
Протестот се одвива со возила кои во 10 минути до 12 часот од Јужниот Булевар тргнаа кон Министерството за правда.
Протестантите бараат од директорот на затворот, Живко Пејковски да не биде соучесник во туртурата врз Љубе Бошкоски, додаваат од партијата.
Од партијата на Бошковски во почетокот на март излегоа на протест пред затворот во Идризово.
Тогаш Михаил Новковски претседател на градската организација на Обединетата младина за Македонија за Фактор изјави дека очекува да победи правдата која како што вели не треба да биде селективна туку еднаква за сите граѓани и треба да му обезбеди слобода на Бошкоски.


