(ФОТО) ПРОНАЈДЕНИ ЛЕШЕВИ ОД ДЕЦА НА ПЛАЖА: Се удавиле 21 мигрант, агонијата продолжува
Турската полиција пронашла 21 тела на мигранти од кои три се деца на турското крајбрежје во Егејското море веднаш по превртувањето на нивните бродови во два одвоени инциденти обидувајќи се да стигнат до грчкиот остров Лезбос.
На крајбрежјето во летувалиштето Ајвалик се пронајдени 11 тела, додека уште 10 се пронајдени во месноста Дикили, изјавил преставиник од полицијата, а пренесуваат медиумите.
Крајбрежната стража соопштила дека во потрага по преживеани трагаат три брода и еден хеликоптер. Засега се спасени само осум мигранти.
Минатата година на територијата на Грција влегле 850 000 мигранти и бегалци, плаќајки им на криумчарите да ги префрлат со чамци од Турција до Грција.
Слично





