(ФОТО) При крај изградбата на патарините кај Преод и Кадрифаково
Градежните работи за изградба на новите наплатни станици Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип се при крај, објави ЈП Државни патишта. Според ценовникот, наплатата на патарината на овие пунктови тѕреба да чини 50 и 70 денари.
Оваа пролет работите треба да завршат и на автопатот да се воведе електронска наплата. Сумата издвоена за градежните работи и опремата за електронска наплата, за наплатната станица Преод изнесува 2.555.349 евра, а за наплатната станица Кадрифаково предивдената цена е 2.314.288 евра.
„Цените, пак, на наплата на патарините на Кородир 8, како и на сите патарини во РСМ се одредуваат согласно со законска регулатива за пресметка според која 1 км поминат автопат чини 2,57 денари“, објави претпријатието.
ЈПДП очекува по воведувањето на електронскиот систем на наплата и на Коридорот 8 годишниот приход од наплата да биде над 50 милиони евра.







Слично
