Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Превртени контејнери, запалено ѓубре, камења – вака е на Бит Пазар сега

(ФОТО) Превртени контејнери, запалено ѓубре, камења – вака е на Бит Пазар сега
Со водени топови и шок бомби полицијата ги потисна демонстрантите кои протестираа против пресудите во судскиот процес „Монструм“. Од Основниот суд -Скопје 1, што го каменуваа демонстрантите, тие беа потписнати повторно кон џамијата Јаја Паша, каде започна протестот веднаш по петочната рамазанска молитва. На Бит Пазар се видливи трагите од протестите кои излегоа од контрола - превртени контејнери, камења, запалено ѓубре. Силни полициски сили се уште се на терен, а сообраќајот во овој дел од градот и натаму е во застој. Според првичните информации, најмалку две лица од учесниците во протестите се приведени. Еве како е на Бит Пазар попладнево:  
Слично

Поврзани вести