(ФОТО) Премиерот најавува нов студентски дом додека Гоце се распаѓа!
Додека премиерот ја најавува изградбата на нов студентски дом, домот на студентите од „Гоце Делчев“ полека ама сигурно се распаѓа.
Доволно е да заврне дожд за да предизвика поплави и да ги остави студентите без кров над глава.
Пред две ноќи на профилот на Студентскиот пленум осамнаа фотографии кои покажаа прокиснување и поплави на места во студентскиот .
Овие фотографии уште еднаш ги покажаа недостојните студентски услови.
„Се уште пристигнуваат слики од студентите кои живеаат со „санираните“ штети од поплавите.
Дојде дождливо време, кое ја удави пасивноста на студентите и ги натера да си го бараат назад нивното достоинство. Студентите повеќе не се плашат!“- стои во пораката на Студентскиот пленум.
Според информациите до кои дојде Фактор, дождот го поплавил блок А.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/02/video-foto-slednata-sezona-na-survivor-vo-gotse-delchev/" target="blank" ](ВИДЕО+ФОТО) Следната сезона на SURVIVOR во „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“![/button]
Меѓутоа, премиерот во вчерашното гостување на Сител тв посочи дека покрај тековната реновација на Гоце Делчев, се во план активности за изградба на нов студентски дом чија локација допрва треба да се утврди.
Како можни варијанти премиерот Груевски ги наведе Центар, Гази Баба, и Ѓорче.
„Имаме донесено интерна одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје, а размислуваме како да најдеме начин ако е можно да се забрза реновирањето на „Гоце Делчев“ кое што е започнато“, изјави премиерот.
Студентите на ова му порачаа на премиерот дека не им треба нов студентски дом туку дом со достоинствени услови за живот.
[gallery ids="179397,179398,179399,179400,179401,179402,179403"]ФОТО: Студентски пленум-Фејсбук
