Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Преку протест демонстрантите бараат повисоки плати

ФОТО:Преку протест демонстрантите бараат повисоки плати

Граѓаните се собираат и вечерва пред СЈО, а протестот е за поголеми плати.

Демонстрантите велат дека не сакаат поголеми споменици, туку поголеми плати. „Младите си отидоа, партијата се вработи“ е пораката која вечерва ќе ја испратат до власта.

„#Протестирам против социјалната неправда и лошите политики за вработување. Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја дозакопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓанки и сограѓани како сопствени заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контра-протести, да чистат споменици и мора тоа да го прават за да не ја изгубат и така недоволната плата. Но, ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овај режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротивставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење“ - велат организаторите.

1

Протестираат против „продавањето“ на нашите работнички како робје во текстилната и кожната индустрија со најниска минамална плата, против лошите политики за вработување кои избркаа 600.000 граѓани, а најмногу младите, од оваа земја. Протестираат против вештачкото намалување на невработеноста со бришење на граѓаните од листите на Агенција за вработување.

Протести има во повеќе градови, не само во Скопје.

3

Слично

Поврзани вести