ФОТО:Пред СЈО се собираат демонстранти, се бара слобода за Савески
Демонстранти се собраа и вечерва пред СЈО, за да изразат поддршка на оваа институција.
Се протестира веќе трета недела во Скопје. Демонстрантите бараат слобода за притворениот член на Левица, Здравко Савески. Од „Протестирам“ бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство и итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов.
Савески е приведен утрово и се товари дека учествувал во демолирањето на канцеларијата на Иванов. Од Левица ова го толкуваат како обид за заплашување, да не се излегува на протести.
Слично


