Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПРЕД 100 ГОДИНИ: Објавени ретки снимки од атентатот со кој започна светска војна

(ФОТО) ПРЕД 100 ГОДИНИ: Објавени ретки снимки од атентатот со кој започна светска војна
Сараево денеска е во знакот на одбележувањето на 100-годишнината од атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд извршен од страна на Гаврило Принцип, што претставуваше повод за Првата светска војна. Бројни изложби, тркалезни маси, трибини и концерти се одржуваат во Сараево утрово, а бројни туристи и љубопитни граѓани ги исполнија улиците на градот. Архивските институции на Босна и Херцеговина и Хрватскиот државен архив во оваа пригода пред јавноста изложија и ретко видени документи и фотографии за атентатот и неговите последици, а историчари и публицисти од регионот и странство добија можност да го изнесат своето видување за на станите од 29 јуни 1914 година. Централниот настан вечерва е концерт на Виенската филхармонија, на кој домаќин е австрискиот претседател Хајнц Фишер. Еве дел од ретката збирка фотографии: Франц Фердинанд се симнува од воз при пристигнувањето во Сараево на ден пред атентатот Неколку минути пред атентатот, австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија влегувааѕ во автомобилот. Минути пред атентатот, Фердинанд се вози низ Сараево во придружба на сопругата Софија Местото каде што е извршен атентатот обележано со крст Телата на надвојводата Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во вилата „Конак“ во Сараево, каде чекаат транспорт за Виена Гаврило Принцип веднаш по апсењето по извршениот атентат Родителите на Гаврило Принцип, снимени пред нивниот дом Судењето на Гаврило Принцип и другите членови на организацијата „Млада Босна“
Слично

Поврзани вести