(ФОТО) Пожар во Ирски паб Балабан Охрид-вработените евакуирани
Пред околу еден час се запалил Ирски паб Балабан во центарот на Охрид.
Според информациите кои ги доби Фактор директно од Охрид, засега причините за избивањето на пожарот во објектот не се познати.
Во истиот момент се евакуирани вработените во пабот и околните објекти поради страв од експлозија.
На терен веднаш пристигнала противпожарна единица од Охрид, а неофицијално пожарот избувнал во кујната. Пожарникарите со секири и опрема веднаш реагирале. И пружиле помош на готвачката која во тој момент била таму.
Детали подоцна...
Слично

