Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Повторно судири во Атина-протестот ескалира, земјата парализирана!

(ФОТО) Повторно судири во Атина-протестот ескалира, земјата парализирана!

Блокирани патишта, граници, пристаништа и трактори во центарот на Атина - таква е ситуацијата денес во Грција.

grcija blokadi

Атина повторно станува арена на борби меѓу демонстранти и полиција.

grcija blokadi1

Незадоволни фармери влегоа во судир со полицијата пред зградата на Министерството за земјоделство.

grcija blokadi2 Демонстрантите запалија контејнери, а полицијата употреби солзавец.

grcija blokadi3

За денеска на плоштадот "Синтагма" во Атина е планиран голем национален протест на фармери од сите краеви на земјата поради планирани даночни и пензиски реформи. Протестираат уште лекари, адвокати и други слободни професии.

grcija blokadi4

Соседната држава е под блокада поради голем национален протест на земјоделците, кои се незадоволни поради даночните и пензиските промени во секторот.

grcija blokadi5

Кон Атина патуваат фармери со трактори од 68 блокади во земјата. По наредба на владата, полицијата има развиено план да не дозволи земјоделската техника да влезе во главниот град, што создава дополнителни причини за нервоза. grcija blokadi6 Досега во центарот на градот се собрале околу 3.000 лица. grcija blokadi8 Поради новиот бран на незадоволство во земјата, на Грција повторно се заканува излез од Еврозоната. Доверителите ја обвинуваат Атина во забавување на клучната пензиска реформа. grcija blokadi9

Се очекува да има блокада и на граничните премини со Македонија. Родните власти се надеваат дека земјоделците ќе го испочитуваат постигнатиот усен договор и ќе има часови во кои ќе пропуштаат автомобили и камиони.

grcija blokadi10

Слично

Поврзани вести