(ФОТО) Повторно празни рафтови по маркетите - граѓаните прават залихи?
Во маркетите повторно се забележани празни рафтови и тоа посебно во деловите за брашно, тестенини, и масло за јадење.
Дел од граѓаните деновиве побрзаа да направат залихи, плашејќи се дека ќе има поскапување или дека може одредени производи да ги нема во доволни количини. Надлежните порачаа дека граѓаните да не паничат, а во некои маркети, производите намерно биле тргнати, со цел подоцна да ги продаваат по повисока цена.
Поради војната во Украина, граѓаните се исплашија дека ќе има недостиг од брашно.
Слично
