ФОТО:Повторно обоена Порта Македонија
Демонстрантите вечерва повторно ја обоија Порта Македонија.
Движејќи се кон Собранието, тие извикуваа „Нема правда нема мир” и „Слобода за народот”. Присутните носат анти-фашистички знамиња и пароли.
Протестот вечерва е во знакот на победата над фашизмот и фашистичките елементи во македонското општество.
Се протестира веќе петта недела против аболицијата на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов со која се опфатени 56 политичари.
Слично


