ФОТO:Повторно боја се фрлаше врз Собранието
Демонстрантите од „Шарената револуција“ вечерва повторно со катапулт фрлаа боја врз Собранието.
Граѓаните се против избори на 5 јуни и бараат нивно одложување. Сметаат дека прво треба да се направат реформи, а потоа да има избори. Според нив, избори со една партија се избори без избор. Бараат правда и демократија, но се сомневаат дека надлежните ќе ги слушнат нивните барања.
Денеска се навршува една година од масовните протести, на кои лани организации, граѓани и опозиционери покажаа дека се незадоволни од власта.
Слично


