ФОТО: Повеќе населени места во Србија се под вода
Во Србија има поплави по обилните врнежи од дожд.

Досега се евакуирани 39 лица, а вонредна состојба е прогласена во Прокупље и на дел од територијата од Сјеница. Во Тутин состојбата се нормализира.
Во населените места погодени од невремето состојбата е под контрола и спасувачките екипи се на терен.
Онаму каде падна дожд од 80 литри на метар квадратен како Копаоник и Врање има одрони. За утре се очекува да престанат врнежите од дожд во Србија.
Во Сјеница има штети кои општината сама нема да може да ги надомести без помош од државата. Во овој град поради висок водостој делови беа под вода во рок од 14 до 18 часа.


Слично
