Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Поставени нови билборди низ Скопје

Фото: Поставени нови билборди низ Скопје
На вкупно 1.100 локации низ Скопје ќе бидат постави нови унифицирани рекламни паноа кој денеска ги промовираше градоначалникот Коце Трајановски. Според најавите ќе се постават 800 билборди, 252 сити лајти и 48 LCD панели. -        На двата јавни огласи што ги распиша Градот Скопје за поставување рекламни паноа на подрачјето на градот се избрани 4 концесионери. Со компаниите „Акцент медиа“, „Скрин – медиа“ и „Кала плакат“ се веќе потпишани договори за користење локации за поставување рекламни паноа, а со компанијата „Медиа – С“ се финализира постапката пред потпишување. Избраните концесионери имаат обврска да постават рекламни паноа на подрачјето на град Скопје според добиениот сопствен пакет, во кој што се прецизирани точните локации и типот и обликот на рекламните паноа. Секој концесионер доби пакет со ист број рекламни паноа и тоа, секој концесионер добива по 200 локации за поставување билборд, по 63 локации за сити лајт и по 12 локации за LCD панел. На ваков начин Скопје ќе добие унифицирани билборди, сити лајти и LCD панели, а во исто време ќе се отстранат сите нелегално поставени рекламни паноа. Секој нареден нелегално поставен билборд ќе биде отстранет. Градот Скопје на јавните повици избра 4 компании за да може да има конкуренција во рекламирањето, поточно да нема монопол при изнајмувањето на рекламен простор – рече денеска градоначалникот Трајановски. -        Секој концесионер сам си ги изработува рекламните паноа, според зададениот стандардизиран тип за билборд, сити лајт и LCD панел. Со потпишувањето на договорите со новите концесионери екипите на Градот Скопје почнаа да ги отстрануваат сите стари рекламни паноа од градските јавни површини, а новите концесионери почнаа да ги монтираат новите паноа. За користење на локациите за рекламни паноа секој концесионер е должен на Градот Скопје да му плаќа годишен надоместок од 302.000 евра. На годишно ниво по овој основ во касата на Градот Скопје ќе се слеат 1.208.000 евра – додаде градоначалникот Трајановски.        
Слично

Поврзани вести