Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Последен поздрав: Редици луѓе се збогуваат со убиениот адвокат Огњановиќ

(ФОТО) Последен поздрав: Редици луѓе се збогуваат со убиениот адвокат Огњановиќ

Драгош Миша Огњановиќ беше убиен во саботата вечерта во Нов Белград, а денес неговата фамилија, пријателите, колегите, како и голем број студенти од правниот факултет, дојдоа да го испратат до неговото вечно почивалиште.

Во капелата се редеа редици на луѓе кои дојдоа да изразат сочуство, а најголемо внимание на медиумите им привлече сопругата на Миша, Сања Папиќ, која од бракот со него ја има 9 месечната ќерка Лара, која за жал никогаш нема да го запознае својот татко. На погребот пристигна и синот од претходниот брак Петар, кој вечерта на несреќата беше со него и кој се здоби со повреда од куршум во раката. Тој дојде во друштво на неговата мајка Наталија.


Пред да го испратат во вечното почивалиште, потресен говор одржа адвокатот Бранислав Топушковиќ.

„Овие два дена се обидов да напишам говор за Миша, но едноставно не можев. Одлучив овој говор да го искористам како последен разговор со него. Се надевам дека твојот дух лебди над нас и дека слушаш се шти зборуваме. Нашата последна средба беше на 26-ти јули кога јас, ти и Петар седевме заедно. Ти му зборуваше на синот дека вистинскиот адвокат нема одмор. Седевме до полноќ во ресторан, а јас 40 минути плачев од среќа и смеа, бидејќи ти имаше харизма, на која ретко кој може да одолее. Никој не поседуваше таков шарм. Знам, бидејќи познавам многу луѓе. Го запознав во Хаг, таму бевме 5 години. Јас тогаш работев 35 години, а тој беше на почетокот на кариерата. Беше сјаен, таков адвокат ретко се гледа. Тоа што тој го сработе во Хаг, беше доволно за да ја испише неговата работа биографија“, кажа во говорот Топушковиќ.


Поранешаната мисица Сања Папиќ стапи во брак со Огњановиќ во август 2017 година, а во октомври ја добија ќерката Лара. Инаку веста за убиството, таа ја доби додека беше на одмор во Хрватска со ќеркичката.

Огњановиќ важеше за еден од најдобрите српски адвокати, кој ги има застапувано Слободан Милошевиќ, потоа неговата сопруга Мира, но и Лука Бојовиќ, чие семејство исто така дојде на неговиот погреб.

Нови информации за убиецот на адвокатот се уште нема.



Слично

Поврзани вести