Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Поради полицискиот час Љубљана се претвори во град на духови

(ФОТО) Поради полицискиот час Љубљана се претвори во град на духови

Поради полицискиот час кој стапи на сила синоќа, главниот град на Словенија,  Љубљана се претвори во град на духови. 

Од 21 часот до 6 наутро нема движење. 

Ова ограничување на движењето на граѓаните е забележано за првпат во историјата на независна Словенија.

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1,503 новозаразени со коронавирус.

„Во Марибор имаше 100-тина луѓе кои протестираа, но дојде полиција па се разотидоа. Имаше и здравствен инспектор кој им напиша казни. Во Љубљана имаше многу полициски патроли. Последен пат полициски час имавме во 1943-та година“, изјави словенечката новинарка Јелена Ашчиќ за „ХРТ“.

Бројот на активни случаи во Словенија се искачи на 8.860. 

Белгија и Франција исто така воведоа полициски час. 

Во регионот, и Црна Гора има многу висока бројка на заразени, и е „лидер“ во Европа. 


Слично

Поврзани вести