Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Поплави ја тресат и соседна Грција

(ФОТО) Поплави ја тресат и соседна Грција
Поплави, предивикани од силните дождови, го погодија и северозападот на Грција и југот на соседна Албанија, поради што денеска се евакуирани стотици мештани и уништен е камен мост од 18-тиот век во Грција, но засега нема жртви.

Силни дождови почнале вчера да паѓаат во Епир на северозападот од Грција поради што властите морале да евакуираат четири села и неколку зафрлени земјоделски куќи недалеку од градчето Арта.

Greece Balkans Floods

Најмалку четири реки се излеале од коритото, од што три недалку од Арта, и уште едно близу до грчко-албанската граница.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го посетил пожарникарниот центар во Атина, каде побар од владините екесперти да ги посетат поплавените области и да ги преконтролираат патиштата.

Силните дождови и снегот предизвикаа и во јужна Албанија излевање на реките, кои поплавиле илјадници хектари, стотици куќи и многу патишта.

Многу области во јужна Албанија немаат ни струја ни вода. Полицијата ги повикала граѓаните да ги откажат патувањата, бидејќи во наредните денови се прогнозираат нови обилни врнежи.

   
Слично

Поврзани вести