(ФОТО) ПОДДРШКА и од Дубиоза Колектив: Гостуваат во 14 часот на платото на УКИМ!
Поддршката за пленумците и нивната окупацијата на Факултетите денеска преку својот настап ќе ја искажат Дубиоза Колектив, познатиот босански бенд, кои на својата официјална страна на Фејсбук објави фотографија дека се на пат кон Скопје.
Имено, настапот е предвиден за во 14 часот на платото на УКИМ.
Бидете дел од нив и дајте им поддршка на студентите доколку сметате дека имаат право да ги бараат нивните права на овој начин за подобро високо образование.
Имено, денеска е осмиот ден од окупацијата на Факултетите и прогласувањето на Автономна зона.
Слично

