ФОТО:Почнува протестот против авторитарното и корумпирано владеење
Пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, се собираат демонстрантите кои вечерва повторно ќе бараат да се повлече одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, тој да си поднесе оставка и да се одложат изборите за 5 јуни.
Поддржувачите на „Шарената револуција“ ќе се упатат кон зградата на Пазарната инспекција. Воедно се очекува и да се појават пред зградата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.„Цела Македонија не се плаши! Денес своето чуство на огроченост, гнев и бес од авторитарното и корумпирано владеење ќе го изразат граѓаните од десет града“ - велат од „Протестирам“.
Протести ќе има во Радовиш, Делчево, Кичево, Валандово, Велес, Прилеп и други градови.
Слично

