(ФОТО) Почнале без искуство и капитал и направиле бренд
Слободното време решиле наместо да го користат за пиење на кафе да почнат креативна работа и свој бизнис.

На почеток тоа било хоби. Немале знаење, но од интернет учеле како се прават лептир машни.
Капитал немале и почнале од нула.
Компанијата “Taya bowties” ја водат две Александри кои планираат лептир машни да извезуваат преку граница.

„По студиите вишокот слободно време беше причина да почнеме со нашиот бизнис. Бидејќи доста време сме поминувале заедно, решивме наместо за пиење на кафе да го користиме времето за нешто креативно, нешто што ќе го одбележи нашето 18 годишно дружење“ - вели Александра Калај од Зрењанин.
Бизнисот го почнале во 2014 година.
Велат дека ако сте упорни сите пречки ќе ги тргнете.
Материјали и опрема добиле од родителите.
По три години работа велат дека се задоволни и дека работата добро им оди.
