Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Почна (скромното) одбележување на годишнината од независноста на Косово

(ФОТО) Почна (скромното) одбележување на годишнината од независноста на Косово

Со положување на цвеќе на гробот на првиот претседател на Косово, Ибрахим Ругов и првиот командант на Ослободителната војска на Косово денеска почна манифестацијата за одбележување на седмата година од прогласената независност на Косово.

Главната свеченост ќе биде одржување на свечена седница во Собранието на Косово во 15 часот. Претседателката и премиерот на Косово, Атифете Јахјага и Иса Мустафа ќе организираат прием за претставниците на дипломатскиот кор, институцијата на Косово и вработените во јавниот сектор.

kosovo 2

Со концерт на филхармонијата на Косово и огномет ќе биде завршено одбележувањето на годишницата од прогласувањето на независноста на централно ниво.

И во општините ќе бидат одржани свечени седници на општинските собранија, ќе се положи цвеќе на паднатите во последната војна на Косово и навечер на отворен простор ќе се организираат културно - уметнички програми.

kosovo 1

Овогодишната прослава е скромна во однос на претходната, како што изјавил потпаролот на владата и министер за труд и социјална политика Арбан Абараши, во Владата се договориле посебните програми за одбележување да организираат секоја петта односно десета година од прославувањето на независноста.

Слично

Поврзани вести