Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) По долга операција: Се предаде балканскиот „Пабло Ескобар“

(ФОТО) По долга операција: Се предаде балканскиот „Пабло Ескобар“

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши изјавил дека познатиот трговец со наркотици Клемент Баљили и се предал на полицијата после три години криење.

Леши соопштил дека Баљили и се предал на полицијата после „долга и комплицирана операција“, не наведувајќи повеќе детали.

Баљили, поранешен висок претставник во локалната власт во градот Саранда на југот од Албанија, бил во бегство после налогот за апсење од соседна Грција која го смета за шеф на бандата за трговија со наркотици.


Медиумите го прогласија за балканскиот „Пабло Ескобар“.

Албанскиот премиер Еди Рама рекол дека апсењето е „голем чекор во борбата против организираниот криминал“.

Борбата против организиран криминал, трговија со дрога, и корупција се највисоки приоритети на Албанија која сака оваа година да почне преговори за членство во Европската унија.



Фото: Албеу.ком

Слично

Поврзани вести