ФОТО:Плоштадот Македонија обоен во црвена боја
Демонстрантите од „Шарената револуција“ вечерва го обоија плоштадот во црвена боја.
„Злосторот не се брише -Злосторот не се заборава“ - порачуваат мислејќи на убиството на Мартин Нешковски кое се случи на денешен ден пред 5 години.
„Шарената револуција“ вечерва даде ултиматум до 18 јуни за исполнување на нивните барања, на 8 ќе го блокираат Скопје.
Се бара Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите, а тоа значи да се ослободат сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април па наваму и да се повлечат пријавите од МВР за сите останати демонстранти
Се бара оставка од актуелната влада и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори. Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија. Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.




