(ФОТО) Па, ова е хит: Погледнете ја мапата на „Голема Црна Гора“
Откако последните денови на Балканот заплиска бран од разни идеологии, кој го разбуди духот на минатото и заснован на цртање нови граници на државите, на социјалните мрежи кружи и картата на „Голема Црна Гора“.
Судејќи по „новите граници“ „Голема Црна Гора“ „ќе ги замрси конците“ и на Голема Албанија и на Голема Србија, наведува порталот Радио телевизија Црна Гора.
Така во рамки на Голема Црна Гора се најде добар дел од соседна Албанија, Србија (без Војводина), Косово, Македонија и Бугарија, а „идеолозите“ и ја споиле и Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, дел од Унгарија и Австрија, но и Франција и Италија.
Картата на социјалните мрежи е вистински хит и предизвикува шеговити коментари, па така поединци „сонуваат“ дека бродската линија Бар-Бари еден ден ќе стане локална линија.
И додека некои се прашуваа зошто Швајцарија останала „надвор“ од границите на Голема Црна Гора, други шегобијно одговараат затоа „што многу работат“.
Некои од корисниците на социјалните мрежи имаа и “поголеми територијални тенденции“, па изразиле желба Голема Црна Гора да се спои со братска Грција, а имало и замерки што Ловченац, град во Војводина со најголем број Црногорци во Србија, останал надвор од границите на Голема Црна Гора.

