Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ова е новиот луксузен хотел во Белград

(ФОТО) Ова е новиот луксузен хотел во Белград
Новиот хотел „88 rooms“ („88 соби“) во Белград ги отвори вратите за првите гости. Хотелот е инвестиција на бизнисменот Миодраг Костиќ, располага со 88 соби и може да прими 156 гости. Според Никола Аврам, генералниот директор на компанијата „Маунтајн ризорт“ во чиј состав работи хотелот, комплексот е наменет за деловни гости и туристи кои главниот град на Србија го посетуваат во сè поголем број. „Хотелот „88 соби“ е типичен градски хотел, со опуштена атмосфера, кој е наменет за сите, а особено за странците“, вели Аврам. Во хотелот со 4 „ѕвезди“ биле вложени 4,5 милиони евра. Ноќевање со појадок во него чини меѓу 70 и 100 евра во зависност од големината на собите, кои имаат и посебни ознаки - M, L, XL.
Слично

Поврзани вести