(ФОТО) ОВА Е АВТОМОБИЛОТ ВО КОЈ Е ИЗГОРЕНО СЕМЕЈСТВОТО ОД АЛЕКСИНАЦ: Роднините одат на полиграф, има сомнежи за мотивот
Српската полиција утринава го продолжи увидот во атарот на селото Тешиќ кај Алексинац на местото каде претходниот ден беше пронајден запалениот автомобил „пасат“ на семејството Ѓокиќ, кое е убиено, па запалено.


По автомобилот кој е целосно изгорен дошол вилушкар кој возилото треба да го однесе на форензичка анализа. Аавтомобилот е пронајден десет километри од местото каде биле отриени телата на Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25), исто така запалени.
Неофицијалните наводи од истрагата, говорат дека тројцата го познавале својот убиец, кој најверојатно го пуштиле во автомобилот, со кој се враќале од посета кај мајката на Горан во селото Моравац. Тој, се претпоставува дека имал и помагачи, откако ги убил тројцата се одвезол со „пасатот“, па го запалил. Во возилото останале мобилните телефони на Горан и Лидија.Мотивот за бруталното убиство на тричлено семејство најверојатно се парите, поточно долгот што го имал некој кон Горан, кој имал менувачница во Алексинац и, според неофицијални информации, повремено давал пари по камати.
Полицијата полиграфски ќе ги испита роднините, пријателите и познаниците на семејството во наредните денови со цел да провери дали се точни информациите што им биле дадени деновите по нивното исчезнување.
