(ФОТО) Отворена ИКЕА во Хрватска: Имаше се, само купувачи не!
После пет години градење и рекламирање, ИКЕА во Ругвица конечно ги отвори вратите на хрватските купувачи. На свеченото отварање учествуваа претседателот Јосиповиќ и министрите Грќиќ и Мрак-Тариташ, информира дневно.хр.
Иако на големо се зборуваше за отварањето, купувачи едноставно недостасуваа. Само 200 граѓани одлучиле да го дочекаат отварањето. Можеби хрватските паричници не се доволно полни да се впуштат во авантурата купување на мебел и производи од ИКЕА.
Судејќи по се, немаше некој голем одзив. Се надеваме дека во иднина ќе биде подобро бидејќи овде сепак се работи за инвестиција „тешка“ и повеќе од 750 милиони куни, отворени се 350 нови работни места. Би било штета сето тоа да пропадне поради малиот интерес на купувачите, пишуваат хрватски медиуми.


