Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ОТКАКО УЈП ПОВИКА: Метеж за наплата на радиодифузна такса!

(ФОТО) ОТКАКО УЈП ПОВИКА: Метеж за наплата на радиодифузна такса!
Откако УЈП пред неколку дена ги повика граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса истите да ги платат во најкраток можен рок, на шалтерите во МРТВ се создаде метеж. Граѓаните се револтирани но си чекаат во редица, за да може да се објаснат со шалтерските работници, дали и колку должат за РДТ. УЈП најави, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, граѓаните сами да си ги платат заостанатите долгови. Оваа активност УЈП ќе ја отпочне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка. Како да се наплати оваа давачка? Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk. Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта! Како да проверите дали имате долгови за РДТ? УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека извршеното плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите. фото: Фактор
Слично

Поврзани вести