(ФОТО) Осудени двајца турски карикатуристи за навреда кон Ердоган
Карикатуристи од турското сатирично списание биле осудени на 11 месеци затвор поради навреди кон претседателот Реџеп Таип Ердоган. Подоцна пресудата била заменета со парична казна, објави „Асошиејтед прес“.
Неделникот „Пенгуен“ објави дека карикатурист Бахадир Барутер и Иозер Ајдоган треба да платат по 7.000 турски лири (2,700 долари) засебно.
Двајцата се последните кои беа обвинети дека упатувале навреди кон Ердоган.
Карикатуристите биле изведени пред суд заради објавените во август карикатури кои покажуваат како новоизбраниот претседател Ердоган пристигнал во палатата и ги критикувал официјалните претставници дека не се подготвени новинари за колење.
Судот смета дека еден од државните службеници кои биле осликани во карикатурата направил неприличен гест со раката и тоа го сметале за навреда кон Ердоган.

