Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Бура беснееше вчера во Хрватска

(ФОТО) Бура беснееше вчера во Хрватска

Катаклизматична атмосфера завладеа вчера вечерта во Велика Горица. Од јаките грмежи и дождови пратени со силно невреме се тресеше небото над Хрватска. Силниот ветар корнел покриви од куќи и ги расфрлал по улиците и врз автомобилите. За среќа, немало човечки жртви.

Најлошата состојба била во главната, Загребачка улица каде неколкумина станари останале без кров кој оштетил десет автомобили кои биле паркирани пред зградите. Утрово дел од станарите биле повикани кај градоначалникот Дражен Баришиќ на договор околу санирањето на штетите.

Ветерот дувал со брзина од 80 километри на час и направил вистински хаос во Велика Горица, а според жителите како да се гледал крајот на светот.

Слично

Поврзани вести