(ФОТО) ОДРОНИ И ОШТЕТЕНА ИНФРАСТРУКТУРА: Поплави ја зафатија Словенија
Невреме имаше во Словенија и предизвика поплави, одрони и оштетување на инфраструктурата.
Во Горишко дождот направи проблеми. Многу објекти се поплавени, а на повеќе локации се активирани одрони. Најтешко е погодено подрачјето на Горишките брда, но проблеми имаат и општините Канал об Сочи и Толминско.
Командантот на регионалниот штаб за цивилна заштита за Северна Приморска, Сама Космача, изјави дека за време на ноќта надојдени води навлегле во бројни објекти во општините Брда и Канал об Сочи.
Во Италија се урна и зграда, а луѓето се качуваа на покривите за да се спасат од поплавите.foto Uprava RS za zaščito in reševanje

Слично
