Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Од овој балкон таткото монструм ги фрли четирите деца: Малите живеат во мизерија, а од страв не зборуваат

(ФОТО) Од овој балкон таткото монструм ги фрли четирите деца: Малите живеат во мизерија, а од страв не зборуваат

Како сцена од хорор филм изгледал задниот дел од дворот на Бернардо Маричевиќ (85), сопственикот од кој Јосип Роџак вчера утрото ги фрлил своите четири дечиња. Бернард заедно со соседот прв им пришол во помош на децата. Го раскажал она што го знае за семејството Роџак кое две и пол години престојува на првиот кат од неговиот дом.

Велат дека децата, и помалите и поголемите, мократ во кревет на кој родителите воопшто не ставаат постелнина. Раскажува и дека децата имаат проблем со говорот а тоа го потврдила и пријателка на нивната мајка.


-Сите три девојчиња а и малиот, имаат проблеми со говорот и тоа поради страв од таткото. Често и викал на Катица и ја пцуел, дури и кога би го прашала за храна за децата. Тие сироти деца се боси, без чорапи, без јакна. Ужасно ми е жал за нив-вели Ф.Ј. блиска пријателка на мајката чии деца ги фрлил низ балкон во Хрватска.

Трите деца моментално се наоѓаат во Задарската болница. Девојчето (7) чија здравствена состојба во последните неколку часа и се влошила, е префрлено во Клиничкиот болнички центар во Загреб, додека нејзината сестра (8) ќе биде оперирана денес, пренесуваат медиумите од регионот.


Foto: Beta, Printscreen Facebook


Слично

Поврзани вести