Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ОД ДЕНЕС СЕ ПЛАЌА СО ОВАА БАНКНОТА: Ова се новите 50 евра!

(ФОТО) ОД ДЕНЕС СЕ ПЛАЌА СО ОВАА БАНКНОТА: Ова се новите 50 евра!

Новата банкнота од 50 евра од денеска е во оптек. Има подобрени безбедносни карактеристики, а во првата емисија ќе бидат пуштени 5,4 милијарди евра од овие банкноти.

Новата банкнота на себе го има портретот на божицата Европа, лик од грчката митиологија, и унапредени безбедносни карактеристики, како би се отежнало фалсификувањето и прозорот кој станува транспарентен кога се сврти кон светло.

Заштитното обележје на банкнотите е смарагдната бројка, која, кога се наведне банкнотата, ја менува бојата од смарагднозелена во темноплава.

Ова е четвртата банкнота која доживува промена од воведувањето на единствената валута во ЕУ во 2002 година откако изгледот го променија банкнотите од 5,10, и 20 евра.


ЕЦБ веќе во мај 2013 година ја замени банкнотата од пет евра, во септември 2014 апоените од 10 евра и во ноември 2015 година банкнотата од 20 евра. 

Апоените од 50 евра се најчесто употребувани, од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во оптек се апоени од 50 евра, што сочинува 45 отсто од вкупните апоени во оптек.

Слично

Поврзани вести