Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Обреновац – влегувате само со маска и на сопствена одговорност!

(ФОТО) Обреновац – влегувате само со маска и на сопствена одговорност!
Српскиот град Обреновац е поплавен за само 45 минути. Водениот бран стигнал тивко и подмолно, ненадејно се претворил во стихија и започнал да урива се пред себе. До моментот кога се слушнале сирените за тревога, центарот на градот веќе бил под вода, некаде висока и до три метри. Повеќето жители сеуште спиеле. Евакуацијата која следуваше беше масовна и хаотична. Чамци со спасени се превртувале, луѓе виселе од мостови, некои и сами скокале во вода, а бебињата од покривите ги кревале со хеликоптери. Под нив останале поплавени автомобили, куќи, згради. Многумина одбивале да заминат, иако им се заканувала смрт, па хеликоптерите залудно се враќале по нив неколкупати. Во поплавите во Србија досега е потврдена смртта на 33 лица, а во Обреновац ситуацијата е најлоша. Целата општина е полна со мрши од угинати животни, а градот во кој живеа 20-тина илјади луѓе и е само 30-тина километри оддалечен од Белград е целосно уништен. Водата веќе се повлекува, но зад неа останува кал, животински мрши, ѓубре и трулеж - опасноста од епидемија е на највисока степен! Оние кои влегуваат велат дека местото едноставно мириса на смрт. На обичните граѓани уште не им се дозволува да се вратат. Пристап засега имаат само припадници на војската, полицијата и медицинските служби, но влез во Обреновац не се препорачува без заштитна маска. Во евакуацијата на Обреновац беа вклучени и македонски специјалци, заедно со своите колеги од Србија, Хрватска, Русија и Црна Гора. Драматичната акција за извлекување на населението траеше од рани зори до полноќ. Обреновац по поплавите и град на духови. Нема луѓе, нема струја, нема вода. Ќе помине многу време пред животот во него да се врати во нормала.
Слично

Поврзани вести